понеделник, 23 декември 2024

Кина предупредува дека САД си играат со оган испраќајќи му воена помош на Тајван

Кинеската влада денеска протестираше поради најавата на САД за продажба на воена помош на Тајван, предупредувајќи ги дека „си играат со оган“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, САД се повикуваат да престанат да го вооружуваат Тајван и да ги запрат, како што наведуваат, „опасните потези што ги поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера одобри доделување одбранбена опрема и услуги во вредност од 571 милион долари за Тајван.

Најавена е и едукативна поддршка за островот, кој Кина го смета за дел од своја територија.

Одделно, американското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека одобрило продажба на уште 295 милиони долари во воена опрема.

САД велат дека воената помош има цел да му помогне на Тајван да се одбрани и да ја одврати Кина од напад.

Тајван ја поздрави оваа одлука на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ