сабота, 27 јули 2024

Кина повикува на одржување вистинска мировна конференција за Украина, со учество на Москва и Киев

Пекинг повикува на мировна конференција за украинската криза, која ќе ја признаат и Москва и Киев, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, зборувајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС во Нижни Новгород.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украинската криза продолжува. Кина се залага за свикување вистинска мировна конференција, која ја признаваат и Русија и Кина, со рамноправно учество на сите страни и искрена дискусија за сите мировни планови“, кажа шефот на кинеската дипломатија.

Како што е соопштено, претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и неговиот кинески колега Ванг Ји се сретнале на маргините на состанокот.

Тие истакнале дека претстојната мировна конференција во Швајцарија не подразбира рамноправно учество на Русија и фер согледување на сите мировни иницијативи и актуелната реалност.

Ванг Ји истакна дека Пекинг е спремен заедно со Москва да се соочи со надворешните пречки, како и да ѝ пружи поддршка на Москва преку БРИКС.

„Кина е спремна да ги вложи сите напори за да пружи поддршка на претседавањето на Русија во БРИКС и заедно со Москва да го јакне стратегиското партнерство во оваа организација, да го стимулира заедничкото дејствување со цел јакнење на глобалниот југ, како и уште поактивно да изразува поддршка на мултилатерализмот“, порача Ванг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ