сабота, 27 јули 2024

Кина остро ги критикуваше САД за ставањето вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пекинг рече дека овој потег испратил „погрешна порака“ и всушност дал „зелено светло за продолжување на масакрот“.

Белата куќа соопшти дека резолуцијата предложена од Алжир ќе ги „загрози“ преговорите за ставање крај на војната. САД предложија сопствена резолуција за привремен прекин на огнот, која исто така го предупредува Израел да не го напаѓа градот Рафа, но вклучува и задолжително ослободување на заложниците, за што Израел и Хамас не беа ни блиску до договор.

Резолуцијата предложена од Алжир ја поддржаа 13 од 15 членки на Советот за безбедност на ОН, а Велика Британија беше воздржана.

Реагирајќи на ветото, кинескиот амбасадор во ОН Џанг Џун рече дека тврдењето дека предлогот ќе ги наруши тековните дипломатски преговори е „целосно неодржливо“. „Со оглед на ситуацијата на теренот, континуираното пасивно избегнување на сегашниот прекин на огнот не е ништо друго од давање зелено светло за продолжување на масакрот“, рече тој.

„Прелевањето на конфликтот го дестабилизира целиот регион на Блискиот Исток што доведува до зголемен ризик од поширока војна“, додаде тој, велејќи дека единственото решение за да се спречи ескалација во регионот е да се запре конфликтот во Газа.

Алжирски дипломат во ОН рече дека „за жал, Советот за безбедност уште еднаш не успеа“. „Испитајте ја својата совест, бидејќи историјата ќе ви суди“, рече Амар Бенџама.

Францускиот претставник во ОН Николас де Ривие изрази жал што резолуцијата не е усвоена „со оглед на катастрофалната ситуација на теренот“.

Линда Томас-Гринфилд, амбасадорката на Вашингтон во ОН, рече дека не е вистинско време да се повика на итен прекин на огнот додека продолжуваат преговорите меѓу Хамас и Израел.

Нејзината британска колешка Барбара Вудворд рече дека планот „всушност би можел да го направи прекинот на огнот помалку веројатен“ загрозувајќи ги преговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ