Кинеското министерство за трговија соопшти дека истрагата за увозот на млечни производи од ЕУ е поттикната од жалбите на домашните произведувачи на европските субвенции.
Во соопштението се наведува дека истрагата ќе опфати „одредени производи“, вклучувајќи кремови и сирења.
ФТ истакнува дека ова е најсилниот одговор на Пекинг на бриселските тарифи на електричните возила. Кина веќе отвори антидампинг истраги за францускиот коњак и свинското месо од ЕУ, а поднесе и жалба во Светската трговска организација.
Европската комисија соопшти дека Брисел знае за одлуката на Кина да отвори истрага за одредени млечни производи и порача дека „многу детално ќе ја анализира процедурата“.
Европскиот извоз на млечни производи во Кина е проценет на околу 1,8 милијарди евра минатата година, помалку од 2 милијарди евра претходната година, според трговските податоци на Европската комисија, и сочинувал 9,5 отсто од вкупниот извоз на млеко од ЕУ.
Кинеската млечна индустрија наведува дека увозните млечни производи од ЕУ имале корист од вкупно 20 програми на субвенции. Германија е најголемиот произведувач на млеко, путер и сирење во блокот, а по неа е Франција.