сабота, 27 јули 2024

Кина објави видео на кое е прикажана симулирана инвазија на Тајван (ВИДЕО)

Кинеската Народноослободителна војска (ПЛА) објави 3Д видео во петокот во кое симулира сеопфатен напад на Тајван во време на нејзините дводневни национални воени вежби.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Командата на источното крило на ПЛА во четвртокот соопшти дека ќе спроведе воена вежба во водите и воздушниот простор околу Тајван.

Во петокот објави 3Д симулација која покажува употреба на воени бродови, авиони и ракети со придружниот текст: „Уништете ги потпорните столбови! Удри во базниот камп! Намалете го протокот на крв“.

Анимираното видео од 70 секунди покажува воени авиони и воени бродови кои се појавуваат во северните, јужните и источните региони на Тајван.

Снимката, исто така, покажува дека ПЛА ја распоредила својата војска, морнарица, воздухопловни сили и ракетни сили за вежби околу Тајван.

Видеото започнува со снимката на ЦЦТВ Њуз од распоредувањето на борбени авиони, бомбардери и воени бродови, како и ракетните сили кои се подготвуваат да лансираат ракети.

Потоа следи анимиран налет на ракети истрелани од копно, море и воздух. На крај на видеото се прикажани ракети како паѓаат и ги уништуваат Тајпеј, Хуалиен и Каосиунг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ