сабота, 27 јули 2024

Кина објави нови снимки од својот стратегиски нуклеарен бомбардер (ВИДЕО)

Кинеската војска објави нови снимки од стратегискиот бомбардер Х-6 кој учествува во воена вежба на командата на кинескиот Источен воен округ.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Командантот даде наредба за лет, а повеќе типови борбени авиони поитаа во наведениот воздушен простор еден по друг за да извршат мисии на бомбардирање“, објави Народноослободителната војска (ПЛА) на социјалната платформа Веибо.

„Неодамна воздухопловната дивизија на командата на воздухопловните сили на Источниот воен округ организирала летечка обука на повеќе аеродроми, со повеќе типови авиони и повеќе субјекти“, се додава.

Модерните верзии на Х-6, односно Х-6К, Х-6Ј и неодамна прикажаниот Х-6Н, се најважните кинески стратегиски бомбардери. Х-6К и Х-6Н носат повеќе видови бомби, додека Х-6Ј дејствува како авион за надзор, пишува Рик Џо, експерт за кинеската војска во Дипломат, стручна публикација за азиската политика. Бомбардерот Х-6К може да носи нуклеарни боеви глави.

Бомбардерите активно учествувале во вежби околу Тајван, се приближувале на воздушниот простор на Јапонија и патролирале над спорните води на Јужно Кинеско Море.

„Во последните години Кина има на располагање поголем број Х-6К, модернизираната верзија на Х-6 која интегрира ново оружје и има поефикасни турбовентилаторски мотори за продолжен дострел. Х-6К може да носи шест крстосувачки ракети“, се наведува во годишниот извештај на министерството за одбрана на САД за Кина од 2021.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ