сабота, 27 јули 2024

Кина објави крај на воените вежби околу Тајван

Кина објави крај на големите воени вежби, кои ги спроведува од четвртокот околу Тајван. Со тие вежби Кина сакаше да покаже дека се противи, според неа, на сепаратистичките изјави на новиот тајвански претседател Лаи Чинг-те.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кинеската војска „успешно ги заврши“ вежбите „Здружен меч – 2024А“ насочени кон Тајван, пренесе синоќа кинеската државна телевизија ЦЦТВ-7, која известува за воени прашања.

Армијата во четвртокот соопшти дека започнала дводневни маневри.

Тие беа наменети да симулираат блокада на Тајван и вклучија копнени, поморски и воздушни сили, како и единици одговорни за стратешки ракети.

Вежбите главно се изведуваа во Тајванскиот теснец, северно, јужно и источно од таа територија.

Во Тајван, портпаролот на претседателот Карен Куо денеска ги осуди воените вежби, кои според неа предизвикуваат „сериозна загриженост“ и претставуваат „флагрантна провокација за меѓународниот поредок“.

Кина го смета Тајван за една од своите провинции, која сè уште не успеала да ја припои кон својата територија од крајот на кинеската граѓанска војна и доаѓањето на власт на комунистите во 1949 година.

Пекинг повикува на „мирно“ обединување со територијата од 23 милиони луѓе, каде владее демократски систем, но не ја исклучи можноста за употреба на сила доколку островот се придвижи кон независност.

Кина беше лута поради инаугурацискиот говор на новиот претседател Лаи Чинг-те во понеделникот.

Тајванскиот претседател изјави дека „Република Кина (Тајван) и Народна Република Кина (континентална Кина каде што комунистите се на власт) не се подредени една на друга“, изјавите кои Пекинг ги смета за сепаратистички.

„Водачот на регионот Тајван сериозно го доведе во прашање принципот на една Кина, која ги турка нашите сонародници од Тајван во опасна ситуација на војна и опасност“, изјави вчера портпаролот на кинеското Министерство за одбрана и додаде дека тоа е „играње со оган и оние што си играат со оган сигурно ќе се испечат“.

Кина редовно ја осудува размената, вклучително и воената, меѓу американските и тајванските власти, кои „само имаат намера да го забават развојот на Кина“.

Кинеската војска решително ќе продолжи да се бори против ароганцијата на поддржувачите на независноста на Тајван и решително ќе ги уништи сецесионистичките планови, изјави синоќа Ли Кси, воениот портпарол во источната зона на операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ