сабота, 27 јули 2024

Кина: НАТО се шири во Азија, потребно е големо внимание

Објавено на

часот

Сподели

НАТО планира да ја отвори првата канцеларија за врска во Азија, во Јапонија, за да ги олесни разговорите со безбедносните партнери како Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, имајќи ги предвид геополитичките предизвици кои ги претставуваат Кина и Русија, објави вчера весникот Никеи Азија, повикувајќи се на извори во Јапонија и во НАТО.

Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Мао Нинг, кажа дека Азија е „ветувачки регион за соработка и развој и дека не треба да биде арена за геополитичка борба“.

„Континуираното ширење на НАТО на исток кон азиско-пацифичкиот регион, мешањето во регионалните прашања, обидот за уништување на регионалниот мир и стабилноста и поттикнување блоковска конфронтација бараат големо внимание од земјите во регионот“, кажа Мао.

Никеи Азија јави дека канцеларијата би требало да се отвори следната година во Токио. На прашањето за тој извештај, портпаролката на НАТО Оана Лунгеску кажа дека Алијансата нема да навлегува во детали на разговорите меѓу НАТО сојузниците.

„НАТО има канцеларии и договори во врска со бројни меѓународни организации и партнерски земји, а сојузниците редовно ги проценуваат тие договори за да обезбедат најдобро да им служат на потребите и на НАТО и на нашите партнери“, изјави таа.

Лунгеску додаде дека НАТО има тесно партнерство со Јапонија кое постојано расте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ