сабота, 27 јули 2024

Кина најави „конкретни чекори“ за ставање крај на војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Ли, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, одржа средби со Лавров и неговите заменици Андреј Руденко и Михаил Галузин.

Двете страни размениле мислења за кинеско-руските односи и политичкото решение на украинската криза и се согласиле дека неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва дополнително ја продлабочи меѓусебната политичка доверба, пишува кинеското министерство.

Посетата на Ли на Русија дојде на крајот од турнејата низ неколку земји. Пекинг соопшти дека неговата цел е да разговара за „политичко решение“ за ставање крај на конфликтот и како дел од неа, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ли рече дека Кина ќе ја зајакне размената и дијалогот со сите страни, вклучително и Русија, се вели во соопштението на министерството.

„Кина отсекогаш ги следеше целите и принципите на Повелбата на ОН, се придржуваше до објективен и праведен став, активно се залагаше за мир и промовираше преговори, одлучуваше за сопствената позиција според суштината на самата работа и секогаш цврсто стоеше на страната на мирот и дијалогот“, рече Ли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ