недела, 20 октомври 2024

Кина на Африка ѝ нуди милијарди и ѝ ветува милион работни места

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ѝ вети на Африка нови финансиски средства во износ од 51 милијарда долари, поддршка за инфраструктурни проекти низ целиот континент богат со ресурси и отворање на најмалку еден милион работни места.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Си на големиот самит за соработка меѓу Кина и Африка им вети на делегатите од повеќе од 50 африкански земји дека кинеската економија еднострано ќе го подобри својот пазарен пристап за африканската трговија.

Форумот за кинеско-африканска соработка, одржан оваа година во Пекинг, изложува тригодишен план за врски меѓу втората по големина светска економија и најбрзорастечкиот континент во светот.

Си на отворањето на самитот рече дека Кина е подготвена да започне 30 проекти за чиста енергија во Африка и исто така да ги поддржи целите на континентот во поглед на нуклеарната енергија, помагајќи да се реши дефицитот на електрична енергија што долго време ги попречува пошироките цели на Африка за индустријализација.

Кина, исто така, е подготвена да започне 30 инфраструктурни проекти за поврзување во Африка и да воспостави кинеско-африканска мрежа која вклучува врски копно-море и координиран развој, рече тој. „Подготвени сме да помогнеме во развојот на африканската континентална зона за слободна трговија и да ја зајакнеме логистичката и финансиската соработка во корист на транс-регионалниот развој на Африка“, додаде Си.

Кина ќе им даде на африканските земји 360 милијарди јуани (50,72 милијарди долари) финансиска помош, од кои 210 милијарди ќе бидат исплатени преку кредитни линии и најмалку 70 милијарди во нови инвестиции од кинески компании, со помали суми во воена помош и други проекти, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ