сабота, 27 јули 2024

Кина лансираше сателит за комуникација меѓу Земјата и Месечината

Кина денеска лансираше релеен сателит кој ќе обезбедува комуникација меѓу Земјата и Месечината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е клучен чекор за кинеските истражувачки мисии, како што се собирање примероци од далечната страна на Месечината или откривање на јужниот пол, пишува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Сателитот Ксуекиао-2 полета од базата за лансирање на вселенски летала Венчанг во јужната кинеска провинција Хаинан и се одвои од ракетата по 24 минути.

Лансирањето на сателитот е само првиот чекор, бидејќи остануваат уште некои важни маневри за сателитот да стигне до посакуваната елипсовидна орбита на Месечината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ