сабота, 27 јули 2024

Кина лансираше сателит, ќе може да комуницира и од далечната страна на Месечината

Националната вселенска агенција на Кина (ЦНСА) денеска објави дека лансирањето на нејзиниот клучен сателит за праќање сигнали би било целосен успех и дека тој во наредните години ќе служи како комуникациски мост за идните мисии на Месечината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 20 март Кина го лансираше сателитот Куекиао-2, именуван по митскиот мост, како и два помали сателити, Тианду-1 и Тианду-2.

Куекиао-2 ќе се користи за комуникација со Земјата и во претстојните мисии на далечната страна на нејзиниот сателит најмалку до 2030 година. Поблиската страна на Месечината секогаш е свртена кон Земјата, што значи дека преносот на податоци од оддалечената страна бил невозможен бидејќи нема директна линија до неа.

Сионг Лианг, кој го развил лансираниот сателит, го опиша како „главен прекинувач“ за четвртата фаза од мисиите на Месечината, според кинеската државна телевизија ЦЦТВ. „Дури кога главниот прекинувач е вклучен, може да почне комуникацијата“, рече тој.

Куекиао-2 ќе орбитира околу Земјиниот сателит и ќе испраќа и ќе прима сигнали од мисијата Чанг’е-6, која се очекува да биде лансирана во мај. Оваа роботска мисија ќе се обиде за прв пат да собере примероци од темната страна на Месечината. Куекиао ќе го користи и мисијата Чанг’е-7, која се очекува во 2026 година, како и Чанг’е-8, во 2028 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ