Кинеската влада ги одобри плановите за овој многу амбициозен проект во кој ќе биде изградена вселенска станица на околу 1.980 метри под површината на морето.
Се очекува станицата да почне да работи до 2030 година и ќе биде една од најкомплексните технолошки инсталации што некогаш биле изградени од луѓе, пренесува Саут Чајна морнинг пост.
И покрај напредокот, океаните сè уште се мистерија, а истражувањето на огромниот воден свет бара од луѓето да поминуваат значителен временски периоди под вода, што до сега не беше можно.
Затоа Кина одлучи да изгради вселенска станица длабоко под површината на морето.
На 1.980 километри под површината на морето, станицата ќе може да прими шест истражувачи во период од еден месец. Ова ќе им овозможи да спроведуваат експерименти и да истражуваат океани и скриени региони кои сè уште се недостапни.
Истражувачите кои ќе поминуваат време на станицата главно ќе ги насочат своите напори на една одредена област – ладни извори.
Тоа се места на морското дно од каде течат течности богати со јаглеводород или метан.
Овие ладни извори создаваат гасовита средина која е првенствено одговорна за опстанокот на видовите кои живеат длабоко под површината на морето.
Истражувањето на овие региони може да помогне и во изнаоѓање решенија за обновливите извори на енергија.
Животните форми кои постојат околу студените извори, исто така, можат да помогнат да се спречи опасно излевање на нафта.
Научниците сакаат да разберат како овие микроорганизми можат да помогнат во разградувањето на нафтените дамки, а со тоа да се спречи штетата на другите океански видови.
Според веб-страницата Океанографик, Кина се стреми кон четиристран пристап во оваа област, комбинирајќи беспилотни подморници, бродови и места за набљудување на морското дно за да постигне подобри резултати.
Сепак, политички причини може да ја отежнат задачата на Кина, бидејќи таа планира да ја изгради оваа вселенска станица во Јужното Кинеско Море, со чии делови располагаат кинескиот регион Тајван, Виетнам, Малезија, Брунеи и Филипините, наведува порталот.