сабота, 27 јули 2024

Кина ќе ги бојкотира мировните преговори за Украина ако во нив не учествува Русија

Кина ќе ги бојкотира идните мировни преговори за конфликтот во Украина ако во нив не учествува Москва, пренесува Политико, повикувајќи се извори запознаени со тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според бриселскиот портал, пораката била истакната за време на европската турнеја на кинескиот претставник за Евроазија Ли Хуи претходно месецов. Ли се сретна со Андреј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека беше во Киев на 7 март.

Украина веројатно ќе биде тема и на разговорите за време на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Кина следниот месец. Кинескиот претседател Си Џинпинг потоа ќе отпатува во Париз на почетокот на мај, каде ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон, пишува Политико.

Саут Чајна морнинг пост претходно месецов објави дека Ли на европските државници им кажал дека потенцијалниот мировен самит не може да се претвори во „конференција на која се прави план кој ќе ѝ биде наметнат на Русија“.

Кина одбива да ја обвини Русија за актуелниот конфликт и истакнува дека војната може да прекине само по дипломатски пат. Пекинг во 2023 претстави мапа на патот за мировно решение во 12 точки, повикувајќи ги двете страни на ескалација. Киев го одби предлогот.

Украинците инсистираат дека за мирот може да се преговара само под условите на Зеленски, кои вклучуваат повлекување на Русите од „сите нелегално окупирани територии“.

Москва ги отфрли тие барања, истакнувајќи дека нема да ги предаде крим и четирите украински региони кои Русија ги анектираше во септември 2022.

Швајцарија се понуди да биде организатор и домаќин на голем мировен самит подоцна оваа година, но не е одреден датум ниту листа на потенцијалните учесници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ