сабота, 27 јули 2024

Кина ќе го олесни визниот процес за американските граѓани

Кина ќе го поедностави процесот за добивање туристичка виза за граѓаните на САД почнувајќи од 1 јануари со намалување на бројот на потребни документи, се наведува на веб-страницата на кинеската амбасада во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Апликантите за туристичка виза во САД повеќе нема да треба да поднесуваат резервации за авионски билети, резервации за хотели или писмо со покана, пишува Ројтерс.

Пекинг на почетокот на месецот воведе безвизен режим за граѓаните на Италија, Франција, Шпанија, Германија, Холандија и Малезија, па граѓаните на овие шест земји следната година ќе можат да престојуваат во Кина 15 дена без виза.

Кина претходно ја прошири својата политика за безвизен транзит во 54 земји, откако бројот на туристи во земјата се намали поради строгите мерки воведени за време на пандемијата на коронавирус.

Бројот на меѓународни летови до Кина се зголеми откако Пекинг ги укина ограничувањата против ковид пред една година, но бројот сè уште е само 60 проценти од оној во 2019 година, според Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ