сабота, 27 јули 2024

Кина ја забрани употребата на производи од американската компанија Микрон технолоџи

Објавено на

часот

Сподели

Националниот регулатор, Кинеската управата за кибернетски простор (ЦАЦ), објави дека Микрон технолоџи не поминала на тестот за сајбер безбедност, пренесува Си-ен-ен.

ЦАЦ верува дека производите на Микрон претставуваат значителен ризик за националната безбедност на Кина, се додава во соопштението.

Оваа одлука доаѓа неколку недели откако Кина ги започна безбедносните проверки на производите на оваа компанија на почетокот на април.

Микрон технолоџи е еден од најголемите американски производители на чипови, а десет отсто од приходите на оваа компанија доаѓаат од континенталниот дел на Кина.

Компанијата за Си-ен-ен изјави дека ја добила одлуката на кинескиот регулатор и размислува за понатамошни чекори.

Таа изрази желба за понатамошен дијалог со кинеските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ