сабота, 27 јули 2024

Кина ја враќа „пандата на пријателството“ од САД

Објавено на

часот

Сподели

Новинската агенција Синхуа извести дека Ја Ја „ќе се врати во Кина во следните неколку дена“, повикувајќи се на извори во државните институции задолжени за процесот.

Одлуката следи по негодувањето на групите за заштита на животните „Одбрана на животните“ и „Панда гласови“, кои апелираа Ја Ја да биде вратена дома пред да ѝ се влоши здравјето.

Како што се наведува, фотографиите и снимките покажуваат дека Ја Ја е слава и дека има проблеми со кожата. Тврдат и дека се однесува невообичаено.

Активисти во февруари ја обвинија зоолошката градина во Мемфис за смртта на другарката на Ја Ја, Ле Ле.

Од организацијата „Одбрана на животните“ тогаш кажаа дека смртта на Ле Ле ја покажала „целосната неспособност на зоолошката градина да се грижи за џиновските панди“.

Зоолошката градина во Мемфис, меѓутоа, остро ги отфрли сите обвинувања.

Кина им ги позајмува овие ретки животни на други држави како знак на добра волја во постапката позната како панда дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ