сабота, 27 јули 2024

Кина ја предупреди Холандија да се воздржи од операции во Источното Кинеско Море

Кинеското Министерство за одбрана денеска ја предупреди Холандија да се воздржи од поморски и воздушни операции во Источното Кинеско Море, откако холандското Министерство за одбрана соопшти дека кинески воени авиони прелетале над холандска фрегата во Источното Кинеско Море и, како што се вели, „предизвикале потенцијално небезбедна ситуација“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко жалиме за зборовите и постапките на Холандија“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Жанг Сјаоганг, пренесе Ројтерс.

Жанг го оцени како „лажно тврдење“ соопштението на холандското Министерство за одбрана дека фрегатата „ХНЛМС Тромп“ патролирала спроведувајќи санкции на Обединетите нации против Северна Кореја.

Жанг истакна дека холандската фрегата создала тензии меѓу двете земји пловејќи во водите кои Кина ги присвојува и дека „кинеската страна решително ќе се спротивстави на провокациите“.

Во петокот кинески борбени авиони прелетаа над холандска фрегата, а холандското Министерство тврди дека инцидентот се случил во меѓународни води, јавува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ