Кина, која одметнатиот остров Тајван го смета за своја територија, врши воени патроли во воздушниот простор и водите во близина на островот речиси секојдневно и неколку пати месечно одржува „заеднички патроли на борбената готовност“.
Тајванското министерство за одбрана соопшти дека 22 кинески авиони, вклучувајќи борбени авиони Ј-16, денес наутро почнале „заедничка патрола на борбената готовност“ околу Тајван во соработка со кинески воени бродови.
Лаи на новогодишната конференција за новинари ја повтори својата желба за преговори со Пекинг, но неговите телефонски повици се одбиени. Пекинг го смета за сепаратист.
Во средата кинеската војска на социјалните мрежи објави снимка од воени бродови и авиони, и кинески воен авион како лета во близина на американски шпионски авион П-8 „Посејдон“, кој повремено лета низ Тајванскиот теснец.
Тајванскиот министер за надворешни работи Лин Чиа Лунг им кажа на новинарите денес дека видеото е дел од кинеската психолошка војна. „Народната ослободителна војска го покажува своето заплашување на Тајван“, кажа тој.
🇨🇳 The PLA Southern Command conducted a combat patrol in the Huangyan Island area of the South China Sea on December 29. The naval and air forces, including fighters, bombers, electronic warfare aircraft and reconnaissance aircraft, were involved #PLA pic.twitter.com/Z9RIdAmarU
— Uncensored News (@Uncensorednewsw) December 30, 2024