среда, 30 октомври 2024

Кина испрати нов екипаж во вселенската станица Тиангонг (ВИДЕО)

Кина вчера испрати нов екипаж во својата вселенска станица Тиангонг (Небесна палата) од вселенскиот центар Џиукван, кој се наоѓа во северозападниот дел на пустината Гоби.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата Лонг марш 2Ф, долга 60 метри и тешка 40 тони, носеше екипаж од тројца во вселенското летало Шенжу 19, што значи „магичен брод“.

Според Кинеската вселенска агенција, командантот Каи Суже (48), инженерот Ванг Хаозе (34) и поранешниот воен пилот Сонг Лингдонг (34) треба да се приклучат на вселенската станица околу шест и пол часа по влегувањето во вселената.

За време на својот шестмесечен престој во вселената, екипажот ќе спроведе 86 научни и технички експерименти, ќе изврши вселенски прошетки и ќе инсталира заштитни мерки од вселенски отпад на Тиангонг.

Екипажот на вселенското летало Шенжу 19 ќе замени тројца членови на мисијата Шенжу 18, кои работат на вселенската станица од април. Нивното враќање на Земјата е закажано за 4 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ