сабота, 27 јули 2024

Кина испрати кон Тајван десетици воени авиони и неколку бродови

Објавено на

часот

Сподели

Тајван најави годишна воена вежба за следната недела, за време на која војниците ќе ја проверуваат борбената готовност за спречување инвазија, а ќе се спроведуваат и редовни вежби за цивилна заштита со цел подготовка за природни катастрофи и евакуација во случај на воздушен напад, пренесува АП.

Кинеската Народноослободителна војска испрати 37 авиони и седум бродови на морнарицата околу Тајван помеѓу петокот и саботата околу 6 часот наутро, се вели во соопштението на министерството во Тајпеј.

Меѓу леталата се ловци Ј-10 и Ј-16 и бомбардери Х-6, а 22 идентификувани воени авиони ја преминале линијата на поделба на Тајванскиот теснец, неофицијална граница која се смета за тампон зона меѓу островот и копното, или влегле во идентификациската зона на противвоздушната одбрана на Тајван во близина на нејзиниот јужен дел, се вели во соопштението.

Воени авиони на кинеската Народноослободителна армија во последно време редовно влегуваат во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван, кој Пекинг го смета за своја суверена територија и континуирано ги интензивираа своите маневри во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ