недела, 20 октомври 2024

Кина испрати авиони и бродови кон Тајван откако САД најавија продажба на оружје на островот

Објавено на

часот

Сподели

Потегот на Кина следи само неколку дена откако САД одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од 500 милиони долари.

Министерството за одбрана во соопштението наведе дека 32 авиони на Народноослободителната армија и девет пловила на морнарицата се детектирани од 6:00 часот вчера до 6:00 часот утринава.

Тврдат дека околу 20 авиони ја преминале средишната линија во Тајванскиот мореуз.

Како одговор, Тајван ги ставил во состојба на готовност своите авиони, бродови и ракетни системи, се наведува во соопштението.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја признава неговата самопрогласена независност.

Минатата година Пекинг ги интензивираше воените вежби околу островот како реакција на политичките активности на Тајван.

Стејт департментот во средата соопшти дека е потпишана продажба на инфрацрвени системи за пребарување и следење за борбените авиони Ф-16 и друга опрема на Тајван во вредност од половина милион долари.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Жанг Сјаоганг кажа вчера дека Кине се противи на продажбата, нарекувајќи ја „грубо мешање“ во внатрешните прашања на Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ