сабота, 27 јули 2024

Кина им се заканува на САД поради Тајван и Тикток

Кина навести дека може да одговори откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој ќе се засили војската на Тајван и со кој бара од кинескиот сопственик на Тикток да ја продаде социјалната мрежа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден во средата потпиша законски пакет за воена помош која главно е наменета за Украина и Израел. Потпиша и одвоен предлог закон поврзан со тој пакет кој го забранува Тикток во Соединетите Американски Држави доколку неговиот кинески сопственик Бајтденс не го продаде во рок од една година.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џијан ги повика САД да не ги спроведуваат „негативните“ делови од законот кои „се однесуваат на Кина“. „Ако САД тврдоглаво инсистираат на својата одлука, Кина ќе преземе решителни чекори за да ги заштити своите безбедносни развојни интереси“, кажа тој, не навлегувајќи во детали.

Тајванската влада го поздрави новиот американски закон оценувајќи дека ќе помогне во чувањето на безбедноста во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ