сабота, 27 јули 2024

Кина и Русија подготвуваат воени вежби во Јапонското Море

Објавено на

часот

Сподели

Двете соседни земји, кои споделуваат заедничка волја да се спротивстават на, како што велат, американската хегемонија, се зближија во воената сфера по руската интервенција во Украина, која Пекинг одбива да ја осуди.

За да се зајакне заедничката координацијата, Кина и Русија организираа неколку заеднички воени вежби во последните месеци.

Следната вежба ќе се одржи во Јапонското Море со пет кинески воени бродови, вклучително и разурнувач со наведувани ракети, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.

Датумот на вежбите не е прецизиран, но министерството соопшти дека бродовите го напуштиле пристаништето Кингдао на исток и ќе ѝм се придружат на руските сили во однапред определена зона.

Вежбите на кои ќе учествуваат воздухопловните сили имаат за цел да ја зачуваат безбедноста на стратешките поморски рути, соопшти Министерството.

Минатиот месец, Кина и Русија спроведоа заедничка воена патрола над Јапонското и Источното Кинеско Море, што ја натера Јужна Кореја да распореди свои борбени авиони како мерка на претпазливост.

Тоа беше шеста заедничка патрола на Пекинг и Москва во таа зона од 2019 година.

На почетокот на јули, кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу се залагаше за зајакнување на воено-поморската соработка со Русија за време на разговорите во Пекинг со висок руски функционер.

Кина и Русија можат да дадат позитивен придонес во одржувањето на мирот и стабилноста во светот и во регионот, рече Ли Шангфу, кој е под санкции на САД од 2018 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ