сабота, 27 јули 2024

Кина го зголемува увозот на нафта од Русија

Објавено на

часот

Сподели

Кина тивко го зголемува купувањето на нафта од Русија по пристапни цени, пополнувајќи ја празнината што ја оставија западните купувачи.

Западните купувачи се повлекуваат од бизнисот со Русија поради нејзината инвазија на Украина, пишува Ројтерс.

Овој потег на најголемиот светски увозник на нафта дојде еден месец откако беше намален увозот од Русија, поради страв дека таа отворено ја поддржува Москва и потенцијално ќе ги изложи нејзините државни нафтени компании на санкции.

Унипек, трговска филијала на најголемата азиска рафинерија Синопек, го предводи купувањето заедно со Женхуа Оил, дел од кинескиот одбранбен конгломерат Норинко.

Трговските извори покажуваат дека компанијата Ливна Шипинг регистрирана во Хонг Конг, во последно време е главен транспортер на руска нафта во Кина.

Компаниите ја пополнуваат новата дупка што ја оставија западните купувачи додека Европската унија го комплетира планот за понатамошниот круг на санкции, вклучително и забрана за купување руска нафта.

Многу европски рафинерии веќе престанаа да купуваат од Русија поради страв да не наидат на санкции или да привлечат негативен публицитет.

За Русија продажбата на нафта помага да се намали влијанието на санкциите врз нејзината економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ