сабота, 27 јули 2024

Кина го зголемува арсеналот на нуклеарно оружје побрзо од очекуваното

Кина ги надминува претходните проекции со брзината со која го зголемува својот арсенал за нуклеарно оружје и „речиси сигурно“ ги учи лекциите од руската војна во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Кинезите проучуваат како би можел да изгледа конфликтот околу Тајван, според извештајот на Пентагон за воената моќ на Кина.

Во документот се предупредува дека Кина може да се стреми кон нов интерконтинентален балистички ракетен систем со користење на конвенционално оружје, кое, доколку биде распоредено, ќе му овозможи на Пекинг „да се закани со конвенционални напади врз цели во континенталните Соединетите Американски Држави, Хаваи и Алјаска“, пишува АП.

Се вели дека ако продолжи вака, Кина до 2030 година ќе има повеќе од 1.000 нуклеарни боеви глави. Се додава дека Кина го засилува воениот, дипломатскиот и економскиот притисок, не само врз Тајван, туку и врз нејзините регионални соседи за да се спротивстават на, според нив, американските напори да го запрат нејзиниот подем.

Извештајот се надоврзува на минатогодишното предупредување на американската војска дека Кина ги зголемува своите нуклеарни капацитети многу побрзо отколку што предвидуваа американските власти.

Годишниот извештај на Пентагон, кој се составува на барање на Конгресот, е еден од начините на кои американското Министерство за одбрана ги мери растечките воени способности на Кина, што САД го гледаат како главна закана во регионот и долгорочен безбедносен предизвик за Вашингтон, според агенцијата АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ