среда, 23 октомври 2024

Кина ги предупредува студентите: Пазете се од привлечни мажи и жени, можеби се шпиони

Главната шпионска агенција на Кина ги предупреди студентите со пристап до чувствителни информации да се чуваат од „атрактивни мажи и убави жени“ што се преправаат дека имаат чувства кон нив за да ги намамат да шпионираат за странски ентитети, а со тоа да ја загрозат националната безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кинеското Министерство за државна безбедност денеска на јавната социјална мрежа Ви-чет детално предупреди дека постојат безброј начини на кои студентите може да бидат изманипулирани за да откријат важни информации. Министерството наведува дека е откриено дека странски разузнавачки и шпионски агенции се инфилтрирале меѓу студентите што целат да ги придобијат.

„Тие ја користат младешката љубопитност и спремноста за испробување нови работи“, се вели во соопштението. „Атрактивните мажи и убави жени се преправаат дека се внимателни и сочувствителни и ги водат во љубовна замка со лажни чувства“, посочуваат од министерството.

Министерството додава дека студентите што имаат пристап до чувствителни, научни податоци се први на удар, а шпионите им приоѓаат преправајќи се дека се академици, вработени во истражувачки институции и консултантски компании.

„Тие ги мамат студентите со високо платени работни места со скратено работно време, наводно заради истражување на пазарот и академска размена“, предупредуваат кинеските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ