сабота, 27 јули 2024

Кина ги обвини САД за ширење лажни информации и дискредитирање (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Целта е да се заузда и сузбие развојот на Кина и да се задржат американските хегемонија и моќ“, кажа Ванг во Пекинг.

„Таканаречениот меѓународен поредок заснован на правила на американската страна, како што секој интелигентен може да види, не е ништо повеќе од семејни правила кои ги одредила американската страна, за да го одржи поредокот предводен од САД“, кажа тој.

Блинкен во својот говор ја претстави Кина како долгорочно најголемиот предизвик за меѓународниот поредок, и покрај актуелната криза предизвикана од руската агресија на Украина.

Тој кажа дека „Кина е единствената земја која има намера да го преобликува меѓународниот поредок, а сè повеќе има економска, дипломатска, воена и технолошка моќ за тоа да го направи“.

Сепак, шефот на американската дипломатија се обиде да ја ублажи својата критика на Кина истакнувајќи ја важноста на мирољубивата соработка. „Не бараме конфликт ниту нова студена војна. Напротив, решени сме да ги избегнеме двете“, кажа Блинкен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ