сабота, 27 јули 2024

Кина: Единаесет лица се водат за исчезнати по обилните дождови на југот

Вкупно 11 лица се водат за исчезнати во јужна Кина поради поплавите кои доведоа до евакуација на десетици илјади жители, јавија денеска локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обилните дождови ја зафатија покраината Гуангдонг од четвртокот, најбогатата и најнаселена во земјата со главeн град Кантон, симбол на кинеската производствена моќ.

Врнежите предизвикаа зголемување на нивото на водата до степен каде што се стравува од „поплава на векот“, соопштија локалните власти.

„Вкупно 11 лица се водат како исчезнати по обилните дождови кои погодија многу делови на Гуангдонг во последните денови“, објави новинската агенција Ксинхуа, повикувајќи се на државната агенција за вонредни состојби.

Повеќе од 53.000 луѓе во покраината мораа да бидат евакуирани, додаде Ксинхуа.

Лошото време во последните денови предизвика одрони во планинските предели.

Обилните врнежи не се невообичаени во јужниот дел на Кина, особено во лето. Земјата во последните неколку месеци се соочува со екстремни временски услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ