сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Кин го преживеа хорор стартот на Мура па постигна спектакуларен гол за бод на Евертон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот натпревар од 29. коло во Премиерлигата, Евертон и Тотнем ги поделија бодовите.

Гостите можат да жалат откако поведоа со голот на Кејн од пенал и имаа играч повеќе, Дукуре десетина минути претходно направи глупав потег и доби црвен картон за едно кошкање токму со напаѓачот на „спарси“.

Но во финишот од мечот Лукас Мура поцрвене по еден хорор старт врз Мајкл Кин, и токму дефанзивецот во следниот напад спектакуларно погоди од далечина, Иго Лорис не можеше да стори ништо и само гледаше како топката завршува во неговата мрежа за 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ