„Руски народе, ви испраќаме срдечни поздрави вам, како и на руската армија и граѓаните што се борат за своето свето право да го одржат мирот во светот“, го пренесе КЦНА писмото на Ким до рускиот претседател Владимир Путин.
Ким, исто така, му го честиташе на Путин Денот на победата во Втората светска војна, велејќи дека Русија ќе продолжи да ја штити својата автономија и регионалната стабилност, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја воспостави блиски врски со Кремљ и ја поддржа Москва по нападот на Украина минатата година, вклучително и признавањето на анектираните делови на Украина, потег што повеќето членки на Обединетите нации го нарекоа незаконски.