вторник, 22 октомври 2024

Ким му испрати порака на Путин: Русија ќе победи во светата војна за мир и правда

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун уште еднаш го потврди продлабочувањето на соработката со Москва во порака до претседателот Владимир Путин. По повод одбележувањето на годишнината од независноста од јапонската колонијална власт, Ким Џонг Ун му испрати порака на Путин во која го потврдува продлабочувањето на соработката со Русија, објави државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Корејскиот лидер рече дека Русија ќе победи во „светата војна за мир и правда“, пренесува КЦНА, како одговор на честитката на Путин по повод годишнината од Денот на ослободувањето на 15 август, во која рускиот лидер рече дека односите создадени додека советските војници се бореле против Јапонија и понатаму служат како основа на нивните односи.

„Пријателските чувства на војските и народите на двете земји, исковани и продлабочени во крвавата битка против заедничкиот непријател, служат како силна движечка сила за развивање на односите на пријателство и соработка во сеопфатно стратешко партнерство и непобедливо пријателство“, рече Ким.

Ким и Путин го одржаа вториот самит за помалку од една година во јуни во Пјонгјанг и потпишаа пакт за „сеопфатно стратешко партнерство“, кое вклучува договор за заемна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ