Ким Мин Џае по само една сезона на југот на Италија го напушта стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Како што пренесува Ил Матино, се е договорено за негова преселба во Манчестер јунајтед, дефанзивецот во неделата за време на прославата на Скудетото ги известил соиграчите дека ќе ја промени средината.
Тој прво ќе се врати во Јужна Кореја за да отслужи воен рок па ќе се пресели на Олд Трафорд, „ѓаволите“ ќе ја платат неговата откупна клаузула од 60 милиони евра.