сабота, 27 јули 2024

Ким Џонг Ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави за време на престојот на воениот универзитет именуван по неговиот татко дека поради нестабилната геополитичка ситуација околу земјата, дојде време таа да биде подготвена за војна повеќе од кога било досега, објави државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во последниве години, под Ким Џонг Ун, Северна Кореја го зголеми нивото на вооружување и воспостави блиски воени и политички врски со Русија. Наводно ѝ помага на најголемата земја во светот во војната против Украина, а за возврат добива помош од Русија во стратешки воени проекти.

„Ако непријателот се одлучи за воен конфликт со Северна Кореја, таа нема да се двоуми да му зададе смртоносен удар со сите средства“, им кажа Ким Џонг Ун на студентите и професорите на Воениот универзитет Ким Џонг Ил, пренесе КЦНА.

„Нагласувајќи ја сложената меѓународна ситуација, имено неизвесната и нестабилна воена и политичка ситуација во околината на Северна Кореја, Ким Џонг Ун рече дека сега е време земјата да биде целосно подготвена за војна, повеќе од кога било досега“, пренесува државната агенција.

Претходно овој месец, севернокорејскиот лидер го надгледуваше пробното лансирање на нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел на цврсто гориво.

Северна Кореја ја обвинува соседна Јужна Кореја, како и Соединетите Американски Држави, за провоцирање и подигање на воените тензии, имајќи предвид дека двете земји во последните месеци спроведоа неколку заеднички воени вежби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ