сабота, 27 јули 2024

Ким Џонг Ун: Северна Кореја никогаш нема да се откаже од програмата за вселенско извидување

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека способноста за спроведување вселенско извидување е од суштинско значење за националната самоодбрана и заштитата на суверенитетот на земјата и нагласи дека Пјонгјанг никогаш нема да се откаже од својата програма за вселенско шпионирање, објавија во средата државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обидот на Северна Кореја да лансира шпионски сателит во понеделникот пропадна откако првата фаза на ракетата експлодираше при летот.

Ким ја даде својата изјава за време на посетата на Академијата за одбранбени науки во земјата, објави новинската агенција КЦНА.

„Поседувањето воени сателити за извидување е клучна задача за зајакнување на националната самоодбрана и заштита на националниот суверенитет и за безбедност од потенцијални закани… поради американските воени провокации“, рече тој.

Ким ја нападна Јужна Кореја затоа што го критикуваше лансирањето на сателитот и рече дека Сеул си „игра со оган“ покажувајќи сила и спроведувајќи вежби во кои учествуваат борбени авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ