среда, 23 октомври 2024

Ким Џонг Ун: Постои потреба за зголемување на нуклеарниот потенцијал на Северна Кореја

Ким Џонг Ун повика на зголемување на нуклеарниот потенцијал на Северна Кореја поради американската политика на пренесување нуклеарно оружје на нејзините сојузници, пренесува новинската агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се осврнете на последните пет години, немаше случај кога воените акции извршени од Соединетите Американски Држави против Демократска Народна Република Кореја не биле помешани со концептот за употреба на нуклеарното оружје, а сега дојде до толку опасна точка што земјите сателити го имаат на располагање и нуклеарното оружје на САД“, изјави Ким Џонг Ун.

Севернокорејскиот лидер додаде дека во таква ситуација процесот на зголемување на моќта на силите на Северна Кореја и развојот на независна одбранбена индустрија, која им служи како сигурна поддршка, мора да продолжи со забрзано темпо.

Тој напомена дека природата на сојузничките односи под лидерство на САД се менува кон воен блок заснован на нуклеарно оружје, па поради тоа воената ситуација околу земјата е на раб на стратегиски и сериозни структурни промени.

Според него, Северна Кореја нема никакви надежи во поединечните влади во Вашингтон, кои доаѓаат и заминуваат од власта на неколку години, и дека САД ги доживува како непријателска држава со која севернокорејските потомци ќе мора да живеат од генерација во генерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ