сабота, 27 јули 2024

Ким Џонг Ун му ја честиташе на Путин победата на изборите

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска испрати порака до рускиот претседател Владимир Путин во која му честиташе за победата на изборите, објави државниот медиум КЦНА, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според првите резултати објавени синоќа по завршувањето на тридневното гласање, Путин освои повеќе од 87 отсто од гласовите.

Во говорот по објавувањето на резултатите, Путин, меѓу другото, рече дека присуството на западните трупи во Украина може да го одведе светот на работ на Трета светска војна.

Тој, исто така, во говорот рече дека се согласил да го размени својот најжесток критичар Алексеј Навални неколку дена пред опозицискиот лидер да умре во затвор минатиот месец.

Тој рече и дека се согласил за размена на Навални под услов да не се врати во Русија.

Навални почина на 16 февруари под неразјаснети околности во затвор на Арктикот каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам и други обвиненија кои се сметаат за политички мотивирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ