Севернокорејскиот лидер во емотивна молба, бришејќи ги солзите со марамче, пред илјадниците насобрани на Националниот состанок на мајките во Пјонгјанг во неделата на 3 декември, рече дека нивна должност е да го запрат опаѓањето на стапката на наталитет во земјата и да ја зајакнат националната моќ.
„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се наши домаќински должности со кои треба да се справиме додека работиме со мајките“, ѝ рече тој на толпата, истовремено повикувајќи ги да ги всадат вредностите на неговата комунистичка партија кај своите деца.
Ким Џонг Ун додаде дека земјата се соочува со мноштво „социјални задачи, за со чие справување е потребно да се вклучат нашите мајки“.
Многумина, од бројната публика жени облечени во традиционална повеќебојна облека, отворено плачеа заедно со својот лидер.
Сликите објавени од државните медиуми на Северна Кореја, исто така, покажаа како толпата ракоплеска и го бодри Ким додека тој ги поздравува од седиштето, опкружен со машки службеници во костуми и воена униформа.