сабота, 27 јули 2024

Ким Џонг Ун се закани: Ако нè испровоцираат, ќе ги уништиме САД и Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун порача дека неговата војска „ќе ги уништи од темел“ Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ако биде испровоцирана, јавија државните медиуми, откако вети дека ќе ја засили националната одбрана за да се носи со „конфликтот без преседан“.

Објавено на

часот

Сподели

Северна Кореја во последните месеци ја засили својата воинствена реторика како одговор на експанзијата на американските и јужнокорејските воени вежби. Аналитичарите очекуваат Ким да продолжи да ја ескалира својата реторика и тестирањето на оружје бидејќи верува дека може да ги искористи засилените тензии за да изнуди отстапки од САД ако поранешниот претседател Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во ноември.

На петдневниот голем состанок на владејачката партија минатата недела, Ким најави дека оваа година ќе лансира уште три разузнавачки сателити, ќе произведе повеќе нуклеарни материјали и ќе развие јуришни беспилотни летала. Аналитичарите сметаат дека со тие потези сака да го зголеми своето влијание во идната дипломатија со САД.

На вчерашниот состанок со воените команданти, Ким кажа дека итно е потребно да се „наостри драгоцениот меч“ за да се заштити националната безбедност, мислејќи на програмата за нуклеарно оружје на неговата земја. Во своето новогодишно обраќање, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол кажа дека ќе ги засили капацитетите на својата војска како одговор на севернокорејската нуклеарна закана.

Ким претходно ја нарече Јужна Кореја „хемиплегична малформација и колонијална, подредена држава“, чие општество е „извалкано од Јенки културата“.

Додаде дека неговата војска мора да ги употреби сите расположливи средства, вклучувајќи го нуклеарното оружје, „да ја потисне цела територија на Јужна Кореја“ во случај на конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ