сабота, 27 јули 2024

Ким Џонг Ун пушеше цигара додека ги критикуваше официјалните лица за ситуацијата со ковид

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите објавија снимка од состанокот на владејачката Работничка партија на кој Ким Џонг Ун вели дека „незрелоста во способноста на државата да се справи со кризата“ ја зголеми „комплексноста и тешкотиите“ во борбата против пандемијата, пишува Скај њуз.

Додека ги прекоруваше Ким Џонг Ун е снимен како пуши цигара. Севернокорејските медиуми објавија дека на партискиот состанок се разговарало и за тоа дека земјата сепак може успешно да се бори со вирусот и да го спречи понатамошното ширење на епидемијата.

Северна Кореја за прв пат пријави ковид случаи минатата недела и оттогаш пријави вкупно 1,72 милиони пациенти со симптоми. Во вторникот вечерта пријави 62 смртни случаи.

Земјата не започна со масовни вакцинации и има ограничени можности за тестирање, поради што многу експерти се загрижени дека ќе биде тешко да се процени колку брзо се шири болеста.

Според КЦНА, Северна Кореја се залага за подобро справување со „собирањето, транспортот и тестирањето на примероците од лицата со треска, додека инсталира дополнителни капацитети за карантин“.

Јужна Кореја ѝ понуди на Северна Кореја медицински материјали, вакцини, маски и комплети за тестирање и техничка соработка, но одговорот на Пјонгјанг не пристигна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ