сабота, 27 јули 2024

Ким Џонг Ун наполни 40 години и вети дека ќе го прошири нуклеарниот арсенал

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наполни 40 години, а Новата година ја почна со ветувања дека ќе го прошири својот нуклеарен арсенал, пренесува АП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако ја презеде власта кон крајот на 2011 година, се верува дека Ким, трета генерација на семејството што владее со Северна Кореја, воспоставил апсолутно лидерство слично на она што го уживаа неговиот татко Ким Џонг Ил и дедото Ким Ил Сунг.

Нивните родендени се двата најголеми празници во земјата и се одбележуваат со различни церемонии, понекогаш со масовни воени паради.

Севернокорејската државна новинска агенција објави напис во кој ги величи насоките на Ким за големи градежни проекти, како и неговата посета на фарма за кокошки со неговата ќерка претходниот ден.

Во текстот не се споменува дека денеска му е роденден.

Некои аналитичари шпекулираат дека Ким можеби смета дека сè уште е релативно млад и дека му требаат поголеми достигнувања за раскошни роденденски прослави, додека други сугерираат дека отсуството на јавна роденденска прослава е поврзан со фактот дека неговата покојна мајка е родена во Јапонија и дека не била прва жена на татко му.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ