вторник, 5 ноември 2024

Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето „стратегиски крстосувачки ракети“

Објавено на

часот

Сподели

Тестирањето се врши додека САД и Јужна Кореја изведуваат големи годишни воени вежби, кои Северна Кореја ги гледа како проба за инвазија.

Лидерите на САД, Јужна Кореја и Јапонија се договорија пред три дена на самитот во САД да ги прошират своите безбедносни и економски врски.

За време на посетата на морнарицата на источниот брег, Ким се качи на патролен чамец за да го провери оружјето и да се подготви за борба.

Подоцна го набљудуваше извршувањето вежба за лансирање стратегиски крстосувачки ракети, објави новинската агенција КЦНА.

Употребата на зборот „стратегиски“ во медиумските извештаи на КЦНА во врска со тестираното оружје подразбира дека тоа е развиено за да носи нуклеарни боеви глави, пишува АП.

Ким рече дека ќе ги засили напорите за изградба на моќни воени бродови и модернизација на поморските и подводните системи за оружје за морнарицата, пренесе КЦНА.

Се очекуваше Северна Кореја да ги обнови тестовите на оружје како одговор на 11-дневната американско-јужнокорејска воена вежба ова лето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ