Килијан Мбапе не ја искористи опцијата да ја продолжи соработката со ПСЖ до 2025 година, па на почетокот од следната година ќе почне да ги одработува последните шест месеци, а со тоа ќе има и одврзани раце да преговара со други клубови.
Се очекува неизвесноста околу иднината на напаѓачот да трае со месеци, а како што пренесува Ревело, во игра се три опции.
Преселба во Реал Мадрид е една од нив, Флорентино Перез со години се обидува да го донесе напаѓачот на „Бернабеу“.
Продолжуавање на кариерата во Премиерлигата е втора опција, неколку клубови како Ливерпул, Манчестер Сити и Челси внимателно ја следат ситуацијата.
Третата опција е Килијан Мбапе да продолжи во ПСЖ и да си подаде рака со „светците“ за нов договор.