сабота, 27 јули 2024

Киличдароглу: Ердоган, намерно пушти милиони бегалци во Турција. Ќе ги вратам назад

Објавено на

часот

Сподели

Кемал Киличдароглу, кандидатот на шестпартискиот опозициски сојуз, на изборите во неделата освои 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 49,5 отсто од гласовите, повеќе од очекуваното, но за малку не успеа да го освои мнозинството и да го избегне вториот круг.

На трето место е националистичкиот кандидат Синан Оган со освоени 5,2 отсто од гласовите, кој е поддржан од антиимигрантската партија, а може да се покаже како одлучувачки за вториот круг од изборите.

Говорејќи пред сопартијците во седиштето на Републиканската народна партија (ЦХП), Киличдароглу ја критикуваше мигрантската политика на Ердоган. „Ердоган, намерно дозволивте влез на десет милиони бегалци во Турција. Го продававте турското државјанство за да обезбедите гласови“, рече Киличдароглу.

Според официјалните податоци, четири милиони бегалци живеат во Турција, која е најголемата бегалска популација во светот во која било земја. „Овде објавувам: кога ќе бидам избран за претседател, ќе ги вратам бегалците во нивните земји“, рече Киличдароглу.

Тој за време на изборната кампања најави дека планира да ги испрати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето договор со сирискиот претседател Башар ал Асад за нивната безбедност, во координација со Обединетите нации (ОН).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ