петок, 18 октомври 2024

Кикс на Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус направи кикс пред своите гледачи, откако Каљари успеа да извлече реми 1-1. Всушност, „старата дама“ не победи благодарение на невозможните промашувања на напаѓачите. Мирко Вучиниќ во 7. минута го отвори мечот, а Андреа Косу на самиот старт во вториот дел израмни.

Првакот Милан сега има шанса за да избие на првото место ако победи во „дерби дела Мадонина“ против Интер, а со оглед на формата сезонава на „нераѕурите“, шансата шампионот, пак, да се радува е огромна.

Денеска загуби и Удинезе, кој е третопласиран од Џенова со 2-3, а најмногу доби Лацио со победата од 2-0 против Аталанта, по што римскиот клуб стигна на минут пет бода од актуелниот лидер Јувентус.

Македонскиот ас Горан Пандев утре со Наполи ќе го заокружи ова 18-то коло во дуелот пред своите гледачи против Болоња.

Резултати: Катанија – Рома 1-1 прекината поради пороен дожд, Чезена – Новара 3-1, Киево – Палермо 1-0, Фиорентина – Лече 0-1, Џенова – Удинезе 3-2, Јувентус – Каљари 1-1, Лацио – Аталанта 2-0, Парма – Сиена 3-1.

На табелата Јувентус со меч повеќе има 38 бода пред Милан со 37, следат Удинезе со 35, Лацио со 33, Интер 29 (-1), Рома 27 (-1), Наполи 27 (-1), Џенова 24…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ