сабота, 27 јули 2024

Кикс на Денвер, пораз од Сан Антонио и пад од првата позиција (ВИДЕО)

На меч пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Денвер загуби на гостувањето од Сан Антиони со 121-120 и падна од првата позиција во Западната конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Сан Антонио е најлошиот тим на западот, па победата над Денвер беше големо изненадување. Никола Јокиќ беше трагичар за својот тим, во клучните моменти од финишот промаши два шута, а имаше и една загубена топка.

Србинот мечот го заврши со 22 поени и 12 скокови, најпрецизен кај Денвер беше Џемал Мареј со 35 поени. Во составот на Сан Антонио доминираше Вембањама со 34 поени и 12 скокови.

Поразот на Денвер, пак, го искористија Минесота тимбервулфс и Оклахома сити тандерс, кои со победите против Атланта хокс (109-106) односно против Милвоки бакс (125-107) се изедначија со актуелниот првак на врвот од табелата на Западот со скор 56-25. Трите екипи имаат по уште еден меч, а во последната рунда Денвер ќе му гостува на Мемфис, Оклахома сити ќе игра против Далас, а Минесота пред своите гледачи ќе игра против Феникс. Доколку сите победат и завршат со идентичен скор, Оклахома сити ќе биде прва во Западната конференција, Минесота втора, а Денвер трет.

Резултати:
Филаделфија – Орландо 125-113
Вашингтон – Чикаго 127-129
Бостон – Шарлот 131-98
Кливленд – Индијана 129-120
Њујорк – Бруклин 111-107
Мемфис – ЛА Лејкерс 120-123
Мајами – Торонто 125-103
Минесота – Атланта 109-106
Оклахома – Милвоки 125-107
Сан Антонио – Денвер 121-120
Далас – Детроит 89-107
Голден стејт – Њу Орлеанс 109-114
Портланд – Хјустон 107-116
ЛА Клиперс – Јута 109-110
Сакраменто – Феникс 107-108

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ