сабота, 19 октомври 2024

Киеза: Милан е во Лигата на шампионите само затоа што нас ни го земаа местото

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза жали што не играат во Лигата на шампионите иако според резултатите на терен од минатата сезона заслужиле да бидат таму.
 

Објавено на

часот

Сподели

Доколку не му беа одземените бодови на Јувентус минатата сезона, тие ќе се пласираа во Лигата на шампионите. На крајот завршија на место кое води во Конференциската лига, но нема да играат ниту таму откако се договорија со УЕФА да издржат казна за неиграње во Европа. Сето тоа беше поради финансиски малверзации. Но, Киеза чувствува неправда.

„Нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите, тоа веќе го направивме минатата година, но ни ги земаа резултатите кои ги направивме на терен“, вели Киеза.

„Ајде да видиме каде ќе бидеме во март оваа сезона, па можеби ќе може да целиме и на повеќе од само пласман во Лигата на шампионите“.

„Ги гледам италијанските тимови во ЛШ. Дури и сум нервозен малку кога го правам тоа, но тоа е само поради фактот што заслуживме ние да бидеме таму, но ни го одземаа тоа“.

„Милан финишираше петти и сега игра во Лигата на шампионите само затоа што ни го земаа местото нас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ