петок, 26 јули 2024

Киев: Во нов руски напад на југоистокот на Украина загинаа тројца цивили

Тројца цивили загинаа во руски напад врз градот Хулијаполе во југоисточниот регион Запорожжја во Украина, соопштија локалните власти, додека Русија продолжува да цели на украинските градови и села со воздушни и артилериски напади.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Генералштабот на украинската армија соопшти дека Русија истрелала 17 беспилотни летала „шахед“, 10 проектили и извршила 88 воздушни напади во текот на ноќта, додавајќи дека украинските одбранбени сили ги уништиле сите 17 беспилотни летала лансирани од Русија, јави украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Според украинската армија, беспилотните летала биле соборени во регионите Дњепропетровск, Харков и Полтава.

Повеќе од 100 села беа под руска артилерија во регионите Чернихив, Доњецк, Дњепропетровск, Харков, Херсон, Луганск, Миколаев и Запорожје, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Војската, исто така, соопшти дека во текот на изминатиот ден имало 57 борбени ангажмани меѓу украинските трупи и руските инвазивни сили.

Украина одби 26 руски напади во источните региони Доњецк и Луганск, и започна напади врз руските позиции во 14 области, предизвикувајќи „загуби во персонал и опрема“, се вели во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е „тешка, но стабилизирана“ и дека поголемите борби се одвиваат на истокот на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ