сабота, 27 јули 2024

Киев: Украина претрпе масовен руски ракетен напад, Москва ги испука најстрашните хиперсонични проектили

Украина претрпе масовен руски ракетен напад во раните утрински часови, соопштија нејзините воздухопловни сили, додавајќи дека Москва испукала некои од своите најстрашни хиперсонични проектили, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Противвоздушната одбрана соборила руски ракети во најмалку пет региони низ Украина, според локалните функционери на тие покраини.

Меѓутоа, не се дадени детали за тоа дали се погодени некои цели, а властите дале многу помалку информации за нападот од вообичаено.

Украинските воздухопловни сили предупредиле за време на нападот дека Русија испукала ракети „кинжал“ – можеби најтешката конвенционална ракета за соборување, која се движи со брзина неколку пати поголема од звукот, и може да менува правец во лет.

Полицијата во северниот регион Чернигов објави фотографија од голем кратер направен од наводно соборена ракета.

„При гаѓањето на непријателската страна оштетени се повеќе приватни куќи и нестанбени објекти, еден објект е практично урнат“, напиша полицијата и додаде дека нема повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ