Противвоздушната одбрана соборила руски ракети во најмалку пет региони низ Украина, според локалните функционери на тие покраини.
Меѓутоа, не се дадени детали за тоа дали се погодени некои цели, а властите дале многу помалку информации за нападот од вообичаено.
Украинските воздухопловни сили предупредиле за време на нападот дека Русија испукала ракети „кинжал“ – можеби најтешката конвенционална ракета за соборување, која се движи со брзина неколку пати поголема од звукот, и може да менува правец во лет.
In Chernihiv, there is destruction and damage in the sector of private residential construction due to debris from an enemy missile. Fortunately, no people were injured. #war pic.twitter.com/uWwvOlXPxG
— Dr. Khaled Alfaiomi (@Alfaiomi) January 13, 2024
Полицијата во северниот регион Чернигов објави фотографија од голем кратер направен од наводно соборена ракета.
„При гаѓањето на непријателската страна оштетени се повеќе приватни куќи и нестанбени објекти, еден објект е практично урнат“, напиша полицијата и додаде дека нема повредени.